ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МОДЕРНАТА ДЕМОКРАТИЈА НА 21 ВЕК

Колку има млади гласачи во Македонија?

Според државен завод за статистика заклучно со декември 2016, бројот на млади луѓе на возраст од 18-29 изнесува околу 370 илјади, што значи, бројот на млади гласачи е 20% од вкупниот електорат на РМ.

Колкав е интересот на младите гласачи?

51% од младите покажуваат интерес во политичките случувања, и само 5% веруваат дека нивниот глас ќе донесе промени.

Што мислат млaдите на оваа тема?

Младите сакаат промени, но претходното искуство покажува дека корупцијата, валканата игра на политичарите и моќта ги засенуваат демократијата и правдата? Но, до кога ќе биде така?

Зошто младите треба континуирано да се информираат?

Младите континуирано треба да се информираат за нивното право на глас, но и да бидат мотивирани да го искористат, бидејќи добро информирани гласачи се основата за здрави и демократски изборни процеси, како и поголемо учество во истите.

Главниот проблем кај младите
52.9%
невработеност кај младите
83%
сакаат да ја напуштат земјата
51%
имаат интерес во политичките случувања
63%
се незадоволни од образовниот и здравствениот систем
5%
од граѓаните, најмногу младите, сметаат дека можат да влијаат со нивниот глас
*Студија за младите во Република Македонија 2013, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ
видео
Разочаран/а си и немаш верба во системот?
Не си доволно информиран што се случува?
Не знаеш за кого да гласаш?
Се двоумиш дали твојот глас ќе смени нешто?

Затоа, искористи ја оваа веб апликација, информирај се за кандидатите од ТВОЈАТА општина и гласај, за да се увериш дека ТВОЈОТ еден глас прави разлика.

Проект: „Платформа за стимулирање активна граѓанска партиципација: Информирај се, Биди активен, Гласај!“

Спроведуван од НЕКСУС – Граѓански Концепт
Финансиран од: ЦИВИКА Мобилитас – проект на Швајцарската агенција за развој (SDC)

Честопати младите се чувствуваат дека не можат да бидат дел од општествените промени заради тоа што се неискусни, немаат доволно познавање на тематиките или заради разни притисоци што секојдневно ги опкружуваат. Но ова треба да остане во минатото. Младите треба да знаат дека можат да придонесат за подобри промени во кои ќе бидат активни учесници.


Оваа веб апликација е дел од неколкуте активности на проектот „Платформа за активна граѓанска партиципација: Информирај се, биди активен, гласај“, кој е со цел да се поттикнат младите да го остваруваат своето право на глас, како клучен елемент за промена на нивниот однос кон изборниот процес, гласањето и партиципирањето во донесување одлуки.

Информирај се!

За да знаеш за кого гласаш, претходно треба да се информираш, ние направивме веб апликација за ТЕБЕ на која ќе можеш да прочиташ кратки делови од програмите на кандидатите од ТВОЈАТА општина и така самиот да одлучиш која програма е најблиска до прашањата од ТВОЈ интерес.

Биди активен!

Покрај тоа што ќе ги прочиташ програмите од ТВОЈ интерес за кандидатите градоначалници од ТВОЈАТА општина, биди активен, споредувај и вади заклучоци која програма мислиш најмногу ќе придонесе за ТЕБЕ, само така ќе можеш да направиш разлика!

Резултати